куќарка новости Забрането движење низ шумите поради опасност од пожари
Забрането движење низ шумите поради опасност од пожари Print E-mail
Written by OzOnAIR   
четврток, 06 август 2009 09:49

Забрана за движење во шума или во одделни нејзини делови поради опасноста од пожари, издаде вчера Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Наредбата се однесува на периодот од 1 август годинава до траење на опасноста.

Во соопштението од претпријатието се истакнува дека забраната се воведува поради високите температури и зголемената опасноста од појава на шумски пожари, кои најчесто се предизвикани од невнимателни посетители на шумите како собирачи на лековити растенија, излетници и друго.

Строго забрането е и палење оган, правење скари, фрлање догорчиња и секаков запалив отпадок и материјали на отворен простор.За движење во шумите во овој период е потребно заинтересираните физички и правни лица да добијат одобрение за ограничено и контролирано движење во шума што го издаваат подружниците на ЈП „Македонски шуми“.

Извор: „Дневник“, 6.VIII 2009

 

LAST_UPDATED2
 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner