куќарка новости Јасен - нуклеарна депонија?
Јасен - нуклеарна депонија? Print E-mail
Written by sekira   
сабота, 25 октомври 2008 18:03

Резерватот Јасен е локацијата на која ќе биде изграден складот за радиоактивен отпад, дознава „Време“. Надлежните институции, пак, се уште не го обелоденуваат местото за изградба стравувајќи дека тоа може да предизвика револт кај месното население и кај екологистите. Токму поради протестите на локалните жители, Дирекцијата за радијациска сигурност претходно се откажа од идејата складот да биде во општина Сопиште. Дирекцијата брза со изградбата на складот затоа што рокот даден од Меѓународната агенција за атомска енергија истекува на крајот од годинава.

Агенцијата ја предупреди Македонија дека може да ја повлече донацијата од 180.000 евра што ја даде пред неколку години за изградба на складот за ниско и за средно радиоактивен отпад, доколку надлежните не се зафатат сериозно со решавање на овој проблем. Изградбата на складот ќе чини околу 200.000 евра, кои треба да ги обезбеди Дирекцијата за радијација, додека донираните средства од Меѓународната агенција треба да се искористат за обука на луѓето што ќе работат во депото. Во Дирекцијата за радијација велат дека точната локација за изградба на складот се уште не е утврдена бидејќи експертската мисија од Меѓународната агенција за атомска енергија треба да даде оценка дали локалитетите ги исполнуваат сите пропишани стандарди. Од таму, сепак, напоменуваат дека тој ќе биде изграден на најмалку 50 метри од првото населено место и без каква било опасност за здравјето на луѓето. Доколку не успее планот со изградба во Јасен, како резервна варијанта се споменува месноста Чојлија во општина Петровец. Надлежната дирекција низ разговор со жителите ќе треба да ги убеди дека изградбата на такво депо во нивната општина не е опасно за човековото здравје. И екологистите укажуваат дека треба да има поголема транспарентност во целиот процес за да не се создава сомнеж и недоверба кај жителите во чија близина се планира да се изгради отпадот. - Најважно е да се одбере локација надвор од населено место. Треба многу да се внимава доколку се одбере локалитетот Јасен, затоа што таму има природни богатства кои може да бидат загрозени - вели Руска Мисева од Движењето на екологистите на Македонија. Изградба на склад за радиоактивни материи е еден од критериумите на Европска унија во делот на заштита на животната средина. Како превентива, Македонија забрани увоз и транзит на секаков вид радиоактивен отпад, особено по неколкуте обиде за влез на камиони со радиоактивно железо од Косово.

Превземено од Време
Автор: Игор Чавески
Оригиналниот напис.

 
Можете да пишете коментар на текстот. За тоа потребно е да се регистрирате во прозорчето за регистрација.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner