куќарка новости Брзото пошумување осудено на исушување
Брзото пошумување осудено на исушување Print E-mail
Written by sekira   
недела, 02 ноември 2008 08:52

Наместо масовни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата, тоа да се прави со помали, подолгорочни и посериозни активности, велат од скопскиот Шумарски факултет.

Ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари, предупредуваат од Шумарскиот факултет во Скопје. Тие повикуваат наместо масовни еднодневни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата тоа да се прави преку помали, подолгорочни и посериозно организирани активности.

Наставно-научниот совет на Факултетот вчера соопшти дека поради многуте пропусти во акцијата „Денот на дрвото“, голем дел од садниците се исуши. Затоа, акцијата во која за еден ден беа посадени два милиона садници не можела да се оцени како успешна. Експертите тврдат дека исушување ќе им се закани и на шест милиони садници за кои Владата планира да потроши 5,5 милиони евра за еден ден во акцијата закажана за 19 ноември. Се планира в година да се засадат дваесет милиони садници.

- Последната акција се изврши во несоодветни услови бидејќи се садеше на сува почва. Садниците се садеа плитко или предлабоко, корените се деформираа, на едно место се садеа повеќе садници... Сушното лето беше дополнителен проблем поради што преживеа само мал процент - оценуваат шумарските експерти.Тие укажуваат дека за успех на ваквите акции се потребни квалитетно семе, садници со пропишан квалитет, добра подготовка на теренот, исправно садење и одржување.

- Треба да се засади во најкус можен рок, а во меѓувреме дрвцата да се заштитат од сушење. Овој предуслов се нарушува ако во еден ден се подготвуваат 2, 6 или 10 милиони садници. Тогаш мора да почнат да се вадат дури и неколку недели однапред со што се намалува нивната виталност. Садењето треба да се изврши правилно бидејќи оваа навидум лесна операција крие причини за големи неуспеси при пошумувањето. На садниците потоа им е потребно неколку окопувања - укажуваат од Советот на Шумарскиот факултет.Според експертите, за да успее пошумувањето, потребни се стратегија и динамика на изведбата на акциите:

- Не сме толку богата држава за секоја година да трошиме толку многу пари за пошумувањето кое е осудено на неуспех. Сугерираме акцијата да премине во „Месец на дрвото“ за да се направи домаќински и стручно. Треба да се формира Фонд за пошумување. Желбата на граѓаните да учествуваат во тоа може да се задоволи со засадувањата на определени места.

ИНФО-Се садат пропусти

Масовни еднодневни акции за пошумување имаат многу пропусти, поради кои најголемиот дел од садниците се суши. Тоа се случува поради неподготвениот терен, сувата почва, лошото семе, неправилното засадување и неодржувањето на садниците. Ако и претстојната акција за садење шест милиони садници се спроведе како и претходната, се заканува сушење на дрвцата.

Превземено од Дневник
Автор: Б.Ѓ.
Погледни го оригиналниот напис.

 
Можете да пишете коментар на текстот. За тоа потребно е да се регистрирате во прозорчето за регистрација.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner