куќарка новости Македонските трупци се најскапи
Македонските трупци се најскапи Print E-mail
Written by Rantasa   
сабота, 20 декември 2008 15:21
Дрвопреработувачите бараат од ЈП „Македонски шуми“ поништување на одлуката за зголемување на цените на техничко и огревно дрво и нивно враќање на нивото од март 2008 година. Преработувачите сметаат дека поскапувањето на дрвната маса не е оправдано, поради тоа што паѓа цената на нафтата и драстичното ограничување на пазарите за пласман на производите од дрвнопреработувачката индустрија, поради светската економска криза.

Со поскапувањето на суровината за дрвната индустрија за 50 проценти домашните производители се соочени со опасноста од губење на пазарите во регионот. Ова неизбежно ќе доведе до намалено производство и отпуштање на работници од дрвопреработувачката индустрија во која се ангажирани над 5.000 работници.

- Кризата во металургијата и металската дејност се чувствува и кај нас. Нарачките за дрвени палети од „Фени“, „Митал стил“ се прекинати. Наспроти ова „Македонски шуми“ определува нови цени. Кои се тие високи трошоци што тие ги имаат за трупците од трета класа на бука да пораснат за 33 отсто - вели Богдан Јангулов, од „Јавор-река“, Кавадарци.

Преработувачите на дрво се незадоволни од монополската позиција на „Македонски шуми“ кои трупците за обработка ги наплаќаат по највисоки цени во регионот.

- Трета класа бука ја достигна цената на првата класа трупци што важеше пред една година. Во Бугарија буковите трупци се поевтини од кај нас за неколку евра. Размислуваме што да правиме. Пласман тешко се наоѓа. Тоа сигурно ќе се одрази во делот на преработката на буката каде се ангажирани околу 200 луѓе - вели Марјанчо Костадинов, сосопственик на „Мебел Виница“.
Сопственикот на „Леснина инженеринг“ Михаил Трендафилов вели дека сега не е време за нови повисоки цени на дрвото за обработка.

- „Македонски шуми“ ни го поскапуваат лебот. Нашиот леб се трупците. Кај нас се продаваат најскапите трупци. Ако така продолжи не ни останува ништо друго освен да ги затвориме или продадеме фабриките, или пак нека ги национализираат. Не сакаме да ја финансираме трансформацијата на „Македонски шуми“, за која и самиот вицепремиер вели дека има високи непродуктивни трошоци, лоша организација и превработеност - нагласува тој.

Дрвопреработувачите се револтирани од однесувањето на Владата која го контролира работењето на ЈП „Македонски шуми“, на која им дозволува да ги зголемува цените во услови на глобална рецесија и намалена потрошувачка за мебел.

Директорот на ЈП „Македонски шуми“ вчера не беше расположен да одговори на барањата на дрвопреработувачите, додека во Владата ни изјавија дека „засега не можат да влијаат“ на намалувањето на цените на дрвото за соработка.

- Предлозите на преработувачите треба да биде доставени до нас и Владата ќе се изјасни по нивното анализирање - ни изјавија од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски.

Согласно светските искуства јавното претпријатие за стопанисување со шумите би работело по принципот на самофинансирање. Во ова претпријатие се потребни промени во организационата поставеност. Преструктурирањето е нужно поради преголемата задолженост, несоодветен однос на режиските со продуктивните работници, големи трошоци на производство, лошо поставени функции на овластување и одговорност, несоодветна кадровска политика која влијае дестимулирачки кај вработените, напиша Ставревски во својата минатонеделна колумна.

превземено од: Нова Македонија
автор: М.Р.Ј.
 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner